Се поставуваат новите букви на аеродромот во Скопје

На зградата на скопскиот аеродром, утрово, почна поставувањето на буквите со новото име „Меѓународен аеродром Скопје“, откако на 24 февруари беа отстранети старите букви, објавува „Слободен печат“.

Аеродромот беше преименуван во февруари оваа година, а автопатот од „Александар Велики“, во истиот период, беше преименуван во „Пријателство“.