Сè потешка здравствена состојба на Џанлука Вијали

Италијанските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на 58-годишниот Џанлука Вијали, некогаш голем италијански фудбалер, се влошила, па тој е примен во болница во Лондон.

Пред пет години на Виjали му бил дијагностициран рак на панкреасот, по што примил два круга хемотерапија и извесно време одлично се справувал со болеста. Впрочем, Вијали во текот на 2020 година беше во стручниот штаб на италијанската репрезентација и со неа ја прослави титулата европски првак.

Вијали за италијанската репрезентација одигра 59 натпревари и постигна вкупно 16 голови. Кариерата ја започна во Кремонезе, клубот од градот во кој е роден, а потоа многу успешно играше за Сампдорија, Јувентус и на крајот од играчката кариера во лондонски Челзи.

Со Јувентус во 1996 година ја освои Лигата на шампионите, а прввак на Италија освен со Јувентус беше и со Сампдорија со која играше во финалето на Купот на шампионите против Барселона.

По играчката кариера работеше како тренер во Челзи и Ватфорд, а до неодамна беше член на стручниот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.