Се преврте автобус кај Кочани, шест лица се повредени

Автобус се преврте попладнево околу 15 часот на влезот на Кочани кај хотелот „Национал“ и заврши во отвор покрај железничката пруга. Според првичните информации, повредени се шест лица и итно се префрлени во Општата болница во Кочани.

Автобусот возел на релацијата Штип – Кочани и во моментот на несреќата немало поголем број патници. Според неофицијалните информации, возачот на автобусот се обидел да избегне возило што му го попречило патот, па поради влажниот коловоз излетал од патот.

Увид во несреќата прави истражен судија, а сообраќајната полиција ги пропушта возилата наизменично.

Од кочанската болница велат дека две лица се здржани, а останатите се пуштени дома, но сите се стабилна состојба.