Се преврте автобус во Турција, најмалку 14 загинати

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Турција, откако автобус излета од патот и се преврте, при што загинаа најмалку 14 лица, а 18 се повредени.

Несреќата се случила во болизина на Ердемит, во провинцијата Баликесир на западот од земјата. Автобусот сообраќал на релација Измир – Зонгулдак, јавува Анадолија.

11 лица загинале на лице место, а тројца повредени починале на пат кон болница. Повредените се згрижени во пет болници.

Во тек е истрага за причината за несреќата.

„Се уште немаме информации за причината за несреќата, но се случи на местото каде што е кривината. Можно е возачот да изгубил контрола во таа кривина. Истрагата е во тек“, изјави гувернерот Хасан Силдак.