Се преврте автомобил кај Коњари, едно лице почина

95

Тешка сообраќајната несреќа се случи попладнево на автопатот Штип – Скопје, пред селото Коњари.

Станува збор за превртено возило на патот во кое едно лице починало на лице место, а друго е повредено, пренесува Сител ТВ.

Од МВР велат дека несреќата се случила околу 16:50 часот кога патничко возило „нисан“ со скопски регистерски ознаки се превртело. Едно лице починало на местото на настанот, а друго лице е повредено и е пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.