Се преврте чамец со мигранти на Дунав, шест лица се исчезнати

22

Во реонот Каравуково кај Оџак, околу 6 часот утринава група мигранти се обидела со чамец преку Дунав да премине од територијата на Србија, на територијата на Хрватска.

Дошло до превртување на чамецот, и во таа прилика исчезнати се шест лица, четири возрасни и две деца. Во моментов трае потрагата по нив.

Останатите мигранти кои се превезувале во чамецот, успеале да се спасат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.