Се преврте камион кај Росоман: Повредени татко и две деца

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18 часот на патот Градско-Прилеп во близина на Росоман, се повредени три лица, татко со два сина.

Полицијата информираа дека 45 годишниот Ѓ.М од струмичкото село Бањица се здобил со тешки телесни повреди, скршеница на левата потколеница. По укажаната помош во болницата во Кавадарци тој бил пренесен на скопските клиники. Со полесни повреди поминале двете деца на Ѓ.М и по укажаната помош во болницата се пуштени на домашно лекување.

Заедно со таткото во камионот “Застава” кој од непознати причини се превртел на патот било уште едно дете на Ѓ.М кое поминало без повреди.

Во извлекувањето на повредените од превртениот камион учестувале и пожарникари од кавадаречката противпожарна единица.

Полициска екипа од Кавадарци извршила увид на местото на незгодата, а дополнително ќе се утврдуваат причините, дали дождот и влажниот коловоз може да “помогнале” во незгодата.