Се преврте училишен автобус во Франција, најмалку 17 повредени

Училишен автобус со 51 ученик се превртел утрово во близина на градот Нанси во Франција, а во несреќата се повредени 17 ученици.

Еден од учениците е тешко повреден и префрлен во болницата во Нанси, додека 16-те се полесно повредени, пренесуваат француските медиуми.

„Патот бил лизгав, возачот изгуби контрола над автобусот кој се преврте на страна“, соопштија пожарникарите.

Со истрагата ќе бидат утврдени точните причини за несреќата.