Се приближува астероид како облакодер

(NASA/ESA/K. Meech, J. Kleyna - University of Hawaii/

Астероидот 2011 ES4 со димензии како висококатница на 1-ви септември ќе пролета близу Земјата, но нема да претставува опасност за животот на планетата, известија од вселенските агенции.

„Нема да загинеме. Веројатноста од судар со 2011 ES4 беше пресметаната уште во 2011 година и беше препознаена како незначителна“, соопштија од руската агенција за вселенски истражувања Роскосмос.

Астеороидите од групата Аполони многу често прелетуваат во близина, според космичките параметри, на Земјата. Според податоците на Роскосмос, само во август годинава се регистрирани речиси 80 вакви настани, а еден од овие вселенски објеки прелетал на оддалеченост помала од 8.000 километри од планетата.

Истовремено и американската агенција за вселенски истражувања NASA извести дека астероидот 2011 ES4 ќе ѝ се приближи на Земјата на околу 120.000 километри. Брзината на космичкиот објект е 8,16 километри во секунда, а димензиите му се меѓу 22 до 50 метри.

Астероидот 2011 ES4 беше откриен на 2-ри март 2011 година. Според пресметките на NASA, веројатноста да влезе во атмосферата на Земјата е сема 1 наспроти 240, односно 0,41 отсто. Истовремено агенцијата го вброи 2011 ES4 на листата „потенцијално опасни“ астероиди.