Се приближува Астероид! Има шанси да се судри со Земјата на 9 септември

Европската вселенска агенција предупредува дека има шанси астероидот со дијаметар од 40 метри на 9 септември да удри во Земјата.

Се нарекува 2006 QV89 и можеби не се заканува да го уништи целокупниот живот на Земјата, но е повеќе од доволен да збрише цел еден град.

Од Европската вселенска агенција истакнуваат дека ударот би бил посилен од катастрофата во Чељабинск, кога во 2013 година експлодира метеор, при што беа повредени 1000 луѓе.

Шансите да нè погоди овој астероид се 1:7000, а од Агенцијата предупредуваат дека тоа е еден од објектите кој постојано треба да го следат бидејќи не се сосема сигурни во неговата патека.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.