Се пробива нова улица за влез во Клинички центар

За да го олесниме протокот на сообраќајот, започнуваме со пробивање на нова улица која ќе отвори и секундарен влез во Клиничкиот центар, информираше на својот фејсбук профил градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Кога станува збор за сообраќајот во центарот на градот, со години една од најпроблематичните точки се улиците околу Клиничкиот Центар Скопје, каде секојдневно се создава метеж од големиот број на автомобили кои се движат во таа област од градот.

Поради тоа, за да го олесниме протокот на сообраќајот, започнуваме со пробивање на нова улица која ќе отвори и секундарен влез во Клиничкиот центар, со што овој проблем значително ќе се олесни движењето на граѓаните и автомобилите ќе стане далеку поедноставно и побрзо“, стои во објавата на Шилегов.