Се продава легендарното Порше што го возеше Пол Вокер, проценето на милион долари

Ќе оди на аукција ретката копија од поршето на ѕвездата од филмскиот серијал Fast & Furious кој трагично загина во сообраќајка во 2013 година.
На крајот на август, автомобилот ќе биде ставен на аукција од страна на Mecum Auctions, кој предвидува дека најверојатно ќе достигне цена од повеќе од милион долари. Станува збор за Porsche Carrera RS 2.7 од 1973 година, произведен во само 1.580 примероци.
Тоа е едно од најпосакуваните колекционерски поршеа, кое во комбинација со сопственоста на познатите личности, гарантира рекордна цена. Некогаш најбрзиот германски автомобил се очекува да предизвика огромен интерес.
Инаку, токму овој модел го прослави спојлерот „патка опашка“. Го придвижува 2,7 литарски 6-цилиндричен мотор со 210 КС.
Опремен со Bosch механичко вбризгување на гориво и 5-брзински менувач, овој автомобил го формира врвот на пирамидата на класиците на Porsche.

За овој автомобил Вокер зборувал и за време на гостувањето кај Џеј Лено во 2011 година, а на невидено го купил преку Интернет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.