Се продава магазинот „Форбс“ по проценета вредност е 400 милиони долари

За купување на бизнис групата „Форбс медиа“, издавачот на магазинот „Форбс“, е заинтересирана кинеската корпорација „Фосун интернационал“, како и „Фонд спајс глобал инвестмент“ од Сингапур и германската издавачка куќа „Аксел спринг“, која по лиценца го издава магазинот во Русија.

Според пишувањата на агенцијата „Блумберг“, рокот за прием на понудата на потенцијалните купувачи истекува денеска, а магазинот се продава по проценета вредност од 400 милиони долари.

За собирање на понудите од заинтересираните инвеститори задолжени се консултанти од „Дојче банка“.

Магазинот „Форбс“, познат по правење на листите на најбогатите луѓе во светот, веќе неколку години бележи намалување на профитот, поради подемот на дигиталните медиуми и намалување на прихдите од реклами.