Се продава првиот потпис на Меси, засега цената стигна до 36.000 долари! (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е еден од најдобрите во историјата, па има голема вредност на трансфер-маркетот, а негов автограм вреди повеќе од сите останати.

Една компанија го постави првиот потпис на Меси од 1995 година на аукција, а станува збор за потпис на членската книшка на Њуелс Олд бојс.

Почетната цена на аукцијата беше 10.000 долари. Меѓутоа, таа беше надмината и веќе достигна 36.000 долари.

Аукцијата трае до 23 октомври, па оваа сума сигурно ќе расте уште повеќе и некои ќе даде многу пари за потписот на Меси.