Се продава вилата со мурал на Караваџо во Рим

Вила којашто некогаш припаѓала на кардинал и којашто го има единствениот мурал кој Караваџо го насликал е поставена на продажба преку наддавање.

Касино дел’Аурора, попозната како Вила Лудовиси, лоцирана во италијанската престолнина Рим меѓу славните Вила Боргезе и Шпанските скалила, во аукцискиот каталог го опишува како зграда во „едно од најелегантните реони на главниот град“.

Притоа се проценува дека оваа недвижнина од 2.800 квадратни метри ќе постигна цена од околу 471 милион евра.

Видеото од интериерот на вилата ги открива величествените салони украсени со огромни мурали. Особено се истакнува муиралот со приказот на Јупитер, Нептун и Плутон кој во 1597 година го насликал Микеланџело Мериси да Караваџо.

Тогаш младиот уметник го ангажирал кардиналот Франческо Марија Дел Монте, кој бил сопственик на вилата кон крајот на XVI век. Уметничкото дело е единствено по тоа што е единствената позната плафонска слика на Караваџо.

Се верува дека принцот Николо Бомкомпањи Лудовиси живеел во вилата со својата трета сопруга до својата смрт во 2018 година.

По жестоката правна борба околу тоа кој ќе ја наследи вилата која се разгори меѓу вдовицата на принцот и неговите деца од претходните бракови, судијата нареди имотот да биде продаден на наддавање. Аукцијата е закажана за 18-ти јануари, а почетната цена е околу 353 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.