Се продаваат девет градежни парцели во Илинден

Нова објава за 9 нови парцели во новата населба „Јака“ во oпштина Илинден, со  намена за изградба на А1- домување во станбени куќи со компатибилни класи на намени: Б1, В1 и Д3.

По пат на електронско јавно наддавање – Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 20 февруари 2015 година.

На веб сајтот на oпштина Илинден може да се види целата објава, каде што има и  табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, површина за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м², вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

Јавното наддавање ќе започне 26 февруари  2015 година во 10:30 часот.