Се пролонгира рокот за аплицирање од фирмите за државна помош за плата до петок

До петок ќе се пролонгира рокот за фирмите кои сакаат да добијат државна помош за исплата на плати. Процесот кој требаше да заврши денеска, не ни почна. Причината  – административна. Законот за финансиска поддршка е објавен во Службен весник, но не и Правилникот. Без Правилник, каде треба да биде утврдена формата и изгледот на обрасците, УЈП не може да го пушти  системот за прием на пресметките. Од таму велат дека се е подготвено. Штом ќе се објават во Службен весник, фирмите ќе можат да аплицираат.

Според сметководителите, продолжувањето на рокот е неминовно. Помалиот проблем за нив е што ќе имаат дупла работа, а поголемиот е за газдите кои ќе мора од сопствен џеб да ја исплатат платата до 15-ти, иако сметале дека државата ќе им го покрие овој трошок.

Од УЈП очекуваат дека за исплата на плати за октомври, ноември и декември ќе аплицираат околу 20 илјади компании. Издвоени се 70 милиони евра, а планирано е да се поддржат 83,000 работни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.