Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со картичката „Купувам домашно“

Новите дејности кои беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства.

Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во:

* Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување
* Туристички агенции и оператори
* Ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци
* Супермаркети
* Продавници за храна, пиљари, пекари
* Mебел, осветлување, производи за домаќинства
* Книжарници и продавници за книги
* Спортска опрема
* Продавници за облека, обувки, предмети од кожа
* Аптеки
* Фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности

„Бирајте ги производите со “Купувам домашно” 🇲🇰 кое ќе биде назначено на гондолата, рафтот, производот, лифлетот во продавниците…бидејќи кога купувате МАКЕДОНСКИ производи и услуги, придонесувате за зачувување на работните места на сите наши сограѓани кои работат во производство или услужна дејност“, вели министерката.