Се разделија Тимоти Шаламе и Лили-Роуз Деп по едногодишна врска

Актерот Тимоти Шаламе (24) и музата на „Шанел“ Лили-Роуз Деп (20), ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, се убави, славни, со кариери во пораст и беспрекорен стил. Згора на тоа, тие глумат еден со друг во филмот инспириран од Шекспир, King (премиерата е на 2 ноември на Нетфликс). Па така, кога луѓето почнаа да шпекулираат дека се случува нешто повеќе меѓу двајцата, фановите навиваа за нивната врска. Гласините се интензивираа откако заедно го прошетаа црвениот килим за  King на филмскиот фестивал во Венеција.

Сепак, по повеќе од една година врска двојката се раздели. Шаламе бил наведен како сингл во мајскиот број на британскиот Вог.