Се разгледува состојбата на ски центарот Попова Шапка

Во владата веќе е формирана работна група што разгледува во каква состојба е ски центарот, вклучувајќи ги и хотелите, кои не се во функција.

35

Како Министерство за економија, надлежно за туризмот, многу сме заинтересирани ски центарот Попова Шапка да биде функционален, и од зголемувањето на бројот на туристи придобивки да имаат државата и Општина Тетово, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој појасни дека во владата веќе е формирана работна група што разгледува во каква состојба е ски центарот, вклучувајќи ги и хотелите, кои не се во функција.

Јавно-приватно партнерство е една од опциите за подобро функционирање на скијачкиот центар Попова Шапка, но пред да се одлучиме мора да имаме детални информации за моменталната состојба на ски центарот, што е во надлежност на „ЕЛЕМ Турс“, посочи Бектеши.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.