Борбите на влезот од либиската престолнина Триполи двојно добија на интензитетот откако силите на владата на исламистите на Владата на националното единство (GNA) најавија „фаза на напад“ врз единиците на марпшалот Халифа Хафтар кои од северот на Либија тргнаа во освојување на главниот град.
Единиците на Либиската национална армија (LNA), лојални на маршалот Халифа Хафтар кој од поранешен командан на војската на деценискиот либиски челник Моамер ел-Гадафи пребегна во САД и потао по неговото соборување се врати во земјата, на 4-ти април започнаа офанзива против владата во Триполи која ја води Фајез ал-Сараџ и една од двете либиски влади која ја признава меѓународната заедница.
Неколку дена позициите на двете војски беа непроменети во јужното предградие на Триполи. По забавувањето на напредувањето на LNA, „тргнавме во напад“, рекол во саботата Мустафа ал-Меџии, портпарол на воеанта операција на GNA. Прецизирал дека рано утрото добиле наредба да тргнат во напад и да го заземат теренот.
Противнападот доаѓа ден откако Белата куќа објави дека претседателот Доналд Трамп во понеделникот телефонски разговарал со Хафтар за „заедничкиот став за либискатга транзиција кон демократскиот и стабилен политички систем“. Двајцата разговарале за „потребата од постигнување мир и стабилност во Либија“, наведе Белата куќа и додаде дека американскиот претседатгел ја признал „важната улога на маршалот Хафтар во борбата против теороризмот и за осигурувањето на нафтените изводи во Либија“, алудирајќи на борбите од пред две години кога беше ослободен градот Мисрата и тамошната рафинерија од припадниците на Исламската држава.