Се разведе Клинт Иствуд

Актерот Клинт Иствуд официјално се разведе од својата сопруга по 18 години брак.

Судот во Монтереј разводот го финализира вчера.

Клинт и Дина Мари Иствуд имаат една ќерка, која ба почетокот на месецот наполни 18 години.

Дина Мари Иствуд поднесе барање за развод на бракот во октомври 2013 година, наведувајќи ги како причина „непомирливите разлики“.

Клинт и Дина Мари се венчаа во март 1996 година. Тие се запознале кога таа го интервјуирала оскаровецот за една ТВ станица.

Клинт Иствуд претходно, од 1953 година до 1984 година, беше во брак со Меги Џонсон.