Се разведуваат Бил и Мелинда Гејтс по 27 години брак

Основачот на технолошкиот гигант „Microsoft“, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда објави во понеделникот дека се разведуваат по 27 години брак.

„По многу размислување и многу работа на нашите односи, одлучивме да го завршиме нашиот брак“, се наведува во заедничката објава на двојката на Twitter.

Сопружниците Гејтс наведуваат дека во текот на 27 годишниот брак, израснале три прекрасни деца и создадоа добротворна фондација која дејствува во целиот свет.

„Ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, но повеќе не веруваме дека ние, како двојка, можеме да напредуваме заедно во оваа даза од нашите животи“, истакнуваат Гејтс.

Финансиската страна на разводот заега не е обелоденета. Бил Гејтс е еден од најбогатите бизнисмени на планетата, богатството на неговото семејство е проценето на 130 милијарди долари.

Бил и Мелинда се запознале во доцните 80-те години од минатиот век, кога таа се приклучи на компанијата „Microsoft“.