8.8 C
Skopje
понеделник, септември 26, 2022

Се реконструира долниот кат во ОУ „Љубен Лапе“, вели Муцунски

Со инвестиција од Општина Аеродром која е вредна 4 милиони денари учениците од ОУ „Љубен Лапе“ новата учебна година ќе ја започнат во училиште со целосно реконструиран долен кат, истакнува градоначалникот Тимчо Муцунски.

-Инвестицијата која моментално се одвива опфаќа реконструкцијата со која училниците ќе бидат подновени со нови врати и прозорци, бојадисани ѕидови, изолација и други различни содржини што ќе им овозможи на учениците настава во попријатна и современа атмосфера. Активно работиме на модернизација на образовните услови во Општина Аеродром. Покрај овие активности, реконструкција на застарените делови од училиштата имаше и во ОУ „Лазо Ангеловски“, ОУ „Блаже Конески“ доби целосно нова енергетски-ефикасна фасада и започна процесот за доградба, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ наскоро добива нов современ спортско-рекреативен и едукативен полигон, а истовремено во останатите училишта се изведуваат тековни активности за обновување, одржување и осовременување на целата образовна инфраструктура, посочи тој.

„Со реализација на ваквите проекти ги подобруваме условите во образованието, како и обезбедување квалитетна образовна инфраструктура со просторни услови за одвивање современа наставна програма. Продолжуваме да ставаме фокус на најмладите и да го остваруваме она кое го ветивме“ – вели Муцунски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.