Се реконструкција на ООУ „Страшо Пинџур“ во село Возарци

Започната е реконструкцијата на О.О.У „Страшо Пинџур“ во с. Возарци. Во тек се градежни зафати кои се однесуваат на изградба на комплетно нов кров, реконструкција на фасада и градежно занаетчиски работи во внатрешноста на училиштето кои опфаќаат санација на под, плафон и sидови, информираше градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Тој посочи дека со ова значително ќе се подобрат условите за работа и одвивање на квалитетна настава.

– Самиот објект ќе добие нов лик, а учениците ќе добијат современо училиште во кое се остварува воспитно образовниот процес согласно најсовремените стандарди, додава градоначалникот.