Се самоуби 60-годишен скопјанец, по смртта утврдено дека имал коронавирус

Шеесетгодишен скопјанец во четвртокот си го одзел животот, а обдукцијата покажала дека е позитивен на новиот тип коронавирус 19, пренесе телевизијата Алфа.

Неговото безживотно тело било пронајдено во скејт парк, во градскиот парк во Скопје. Нема информација дали тој е дел од починатите лица за кои информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„Според наши неофицијални податоци, сега починатиот наводно барал да се тестира претходно. Оваа информација не успеавме да ја потврдиме, како ни дали лицето било во самоизолација. Инаку човекот живеел сам“, објави телевизијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.