Се самоуби познатиот готвач Ентони Бордејн

Познатиот готвач, водител и писател Ентони Бордејн, кој стана глобално познат по кулинарската емисија „No reservation“, почина на 61 годишна возраст одземајќи си го животот.  Неговото тело е пронајдено во хотелска соба во Стразбур, Франција, каде Бордејн работеше на снимањето на нова епизода од неговата емисија „Parts Unknown“..

Неговиот близок пријател Ерик Риперт, француски готвач, го пронашол Бордејн во хотелската соба без знаци на живот.