Се самоубил синот на Илчо Захариев

Ноќеска во викендичка во Делчево се обесил Александар Захариев, 23-годишниот син на екс-градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

На 09.04.2019 година во 09.50 часот во Полициската станица Делчево од Итната медицинска помош во Делчево било пријавено дека во атар на с. Звегор, делчевско бил пронајден починат А.З.(23). Извршен е увид под раководство на јавен обвинител, потврдуваат од МВР.

Од Јавното обвинителство за „Слободен печат“  информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење. Телото е предадено на обдукција.