Се санира улицата „Вера Јоциќ” во Кисела Вода

Од вчера се одвиваат градежни активности на кракот на улица „Вера Јоциќ”. Санацијата опфаќа 5300 квадратни метри и по нејзиното завршување ќе обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица, вклучително со двата нејзини краци. Дополнително, овој градежен зафат го подобрува паркирањето во овој дел од населбата Цветан Димов, бидејќи покрај асфалтирањето, на десната страна од оваа улица ќе бидат отворени џебови за паркирање, додека левата страна ќе биде пешачка зона одделена со столпчиња. Се работи за надминување на проблем на кој жителите долго време се жалеа, бидејќи коловозот беше многу оштетен, а тротоарите беа целосно окупирани со паркирани возила.

Во наредниот период Општина Кисела Вода ќе продолжи со санација на најфреквентните улици во  населбата Цветан Димов, додека паралелно се прави подобрување на патната инфраструктура во населбата Припор. Целта е да се интервенира на сите оштетени улици во општината, во сите месни и урбани заедници, кои децении наназад и порај видните оштетувања, биле оставени без реконструктивни зафати.