Се’ се распродава во Македонија за туѓи бели дворови, МАНУ и УКИМ контра распродажбата на Заев

Дали се’ е на распродажба во нашата земја за да се смилува Бугарија да даде зелено светло за почеток преговорите со ЕУ?

Бугарија упорно се труди со памук душа да извади од Македонија, да ја обезличи до крај, односно да станеме луѓе без идентитет кои треба да се претопат во Бугари, а со тоа и на македонскиот јазик. Одејќи против сите закони на природата, велат дека во Пиринска Македонија се размножувале само Бугари, а Македонци и други народи неможело. Но, за да не биде се нематеријалната сфера, бугарскиот премиер си најде македонски, ако не се оградува од оваа придавка нашиот премиер, потрчко кој ќе распродава се’.

Така, пред некој ден невладината организација „Здрава котлина“ објави дека рудникот Иловица е продаден на бугарски бизнисмени.

„Наводно швајцарската компанија Трафигура ја купи Еуромакс Ресурси во Македонија преку Кајмански Острови, ама на крај излегува дека ова само да ти бил бугарски капитал на Geotechmin што го има најголемиот рудник за злато и бакар во Бугарија.

Дали акционерите како Цоло Вутов, Иван Вутов, Станислав Делчев ви личат на швајцарски имиња што се наредени до Варшан Гокул, Патрик Форвард, ЕБРД и други? И уште нешто, зошто преку Кајмански Острови?

Знаете ли што значи тоа кога наводен швајцарски капитал доаѓа преку Кајмански острови?

А, дали знаете колку милиони евра е оштетен буџетот на Македонија поради избегнување на плаќање јавна давачка во висина од 7% од вредноста на концесијата согласно член 49 став 15 што ја регулира промената на сопственичката структура што поединечно или збирно го менува управувачкиот пакет односно има 51% или повеќе од вкупната сопственост на фирмата што ја има концесијата согласно член 49 став 1 и став 14.

Да не зборуваме што побараа дозвола од Комисијата за конкуренција, но не побараа никаква дозвола од Министерството за економија согласно член 49 од Законот за минерални суровини и членовите 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21 од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Како е можно еднаш да се правни лица како што гледате на сликите, а еднаш да се физички лица како што гледате исто на сликите?

Зарем треба да ги толкуваме законите зависно кој прашува?

Имаме ли ние закони што си ги почитуваме или ова не важи за сите еднакво?

Значи имаме чорба каша од бугарски капитал скриен преку швајцарска фирма и пренесен преку Кајмански Острови и за што не е платена јавна давачка од 7% без разлика што трансакцијата се случила надвор од Македонија.

Факт е дека променета е контролата на управувачкиот пакет акции еднаш над правните лица и понатаму на физичките лица што е евидентно од фотографиите.

Факт е дека ниту дозвола е побарано па ниту е платена јавната давачка согласно законот.

Факт е дека многу мириса на голема корупција и перење на пари!“, констатираат од невладината „Здрава котлина“.

Значи на Заев не му чинеа Американците. Ќе ја загадувал околината. А зошто му чинат Бугарите?!

Според многумина познавачи на приликите и опозициските партии Заев треба ги реализира бизнисите ветени кон Бојко.

Но не е само Иловица во прашање, туку од двете страни на границата се зборува дека во ветувањата влегуваат и ТЕЦ „Неготино“ која станува интересна поради гасоводот, а ние или некој наш сака да се ослободи од неа, иако толку години се чуваше како златна резерва. Покрај се побарало влез во телекомуникацискиот бизнис каде што македонската влада имаа акции, како и купување на телевизија, банка …

Се се распродава на големо – име, јазик, нација, бизниси. Какво херојство во амбисот!

Најлошо е за еден политичар кога ќе почнат да го тапкаат по рамо и да му велат „ти си најдобар“, продолжи така. Ама, штом поголем дел од народот и релевантните институции гласно говорат дека така не одат работите, треба да Заев да погледнеш околу тебе и да си речеш овие ме лажат. Државата не од сега и за денес. Тоа е долг процес во кој немаме право да отстапуваме и во најтешките моменти.

По ова чекори во амбисот на Заев, МАНУ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како најповикани да дадат свој суд по однос на клучните идентитетски, лингвистички, историски, културни или државни прашања, по канонадата на испорачани бугарски условувања за деблокада на македонскиот евроинтеграциски пат, деновиве категорично се изјаснија дека нема место за каква било и со кого било дискусија на тие теми и порачаа да се отфрлат решително обидите за политички интервенции и ревизии во тие сфери, зашто можат да предизвикаат поткопување на темелите на државата.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соопштението истакнува дека обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, посетувајќи дека УКИМ е продолжувач на традицијата на сесловенските просветители и најголем и најстар универзитет во македонската држава, во чии организациски единици се истражуваат, се проучуваат, се негуваат и се афирмираат македонскиот јазик, македонската историја и македонското културно и духовно наследство.

Во соопштението на УКИМ понатаму се вели:

1. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги поддржува стратешките напори на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ.

2. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се придружува и ја поддржува Промеморијата на МАНУ за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ.

3. Универзитетот ги повикува Владата на Република Северна Македонија и сите чинители во евроинтеграциските процеси да ги почитуваат достигањата на македонските научни работници од областа на хуманистичките, општествените и културолошките науки, како и сознанијата на светската славистика, лингвистика и современа историска наука, според кои:

а) македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен, и временски континуитет; македонскиот јазик е посебен јазик од групата на јужнословенските јазици, кој се изучува на универзитетски центри во целиот свет;

б) македонскиот идентитет е изграден врз колективното сеќавање и врз свеста за традицијата, културата, етнокултурната, политичката и јазичната засебност на македонскиот народ;

в) процесот на формирање на македонскиот народ и македонската нација во ништо не се разликува од соодветните процеси кај другите балкански народи и нации; формирањето на еден народ не е и не може да биде последица на административен акт;

г) создавањето на македонската држава е заедничка придобивка од долготрајната борба на македонскиот народ и сите други етнички заедници; ова историско тежнеење доживеало кулминација во антифашистичката војна, поради што македонската државност е заснована врз антифашистички начела.

4. Оттука, обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата.

Во промеморијата на Македонската академија на науките и уметностите се истакна дека македонскиот јазик има просторен и временски континуитет, а македонскиот идентитет етнокултурна посебност.

Претседатателството на МАНУ потсети на научните факти кои говорат дека македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен континуитет (македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и временски континуитет (македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години).

„Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективен интегритет, почит кон традиционалните религиски институции и наратив за припадноста на одреден географски и историски простор“, се вели во Промеморијата на Македонската академија на науките и уметностите.

МАНУ притоа соопшти дека е за продолжување на напорите на Владата за интегрирање на Македонија во Европската Унија, но ѝ порачува на власта дека притоа треба да се залага за „почитување на меѓународните повелби и конвенции од коишто произлегуваат и неотуѓивите и суверени права на македонскиот народ на самоопределување, тесно поврзани со неговиот државотворен статус и национален, историски, културен и јазичен и номинален идентитет.

Затоа МАНУ, потсетувајќи на низа меѓународни документи и на настани кои значеа потврдување на македонската државност, како и на својата минатогодишна промеморија, порача дека „македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот историски, културен, јазичен, политички идентитет во континуитет, а особено во текот на 19 и 20 век, во текот на својата борба за национално ослободување и државно осамостојување, како и во рамките на македонската република во составот на југословенската федерација (1945 – 1991), односно и во рамките на независна и суверена Република Македонија.

МАНУ со своите ставови излезе само неколку дена откако Бугарската академија на науките преку соопштение ја поддржа политиката на Владата во Софија за условувањата кон Македонија. Бугарските академици го изнесоа ставот дека „бугарските научници, со научни средства, цврсто ќе ја бранат историската вистина за минатото на историско-географскиот регион Македонија, вклучително и за бугарската етничка и културна припадност на мнозинството од нејзините жители.“

И покрај УКИМ и МАНУ кои бараат да не се дозволи поткопување на темелите на државата останува само едно, јавноста да се увери до каде ќе оди самоволието на Зоран Заев за продажба на сè што е македонско …