Се сечат јапонските цреши на Максим Горки

Седум јапонските цреши кои се симбол на улицата Максим Горки во центарот на Скопје, се исечени од градските служби.
На фејсбук страницата Центар сака да дише поставени се фотографии на кои се гледаат неколку откорнати дрваја од едната страна на улицата.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека на барање на Општина Центар, се отстрануваат болни дрва од видот Јапонска цреша. А, на местото на отстранетите стари и болни дрва ќе се засадат нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.