Се шират студентските протести во Албанија

Илјадници албански студенти учествуваа во вторникот во главниот град Тирана во најголемиот протест од нивното прво излегување на улиците минатата седмица, барајќи намалување на школарините и предупредувајќи на можност од радикализација на нивните протести, кои според масовната не се забележани од демонстрациите против комунистичкиот режим во 1990 година.

„За нашите барања не може да се преговара, владата мора да ги прифати, инаку ќе го радикализираме нашето движење“, изјавил за агенцијата AFP, 21-годишниот Илир Цури, студент во северниот град Скадар.

Студентите, на коишто им се придружиле и неколку стотини средношколци, се собрале пред зградата на министерството за образование, гаѓајќи ја со јајца и палејќи ги знамињата на трите главни политички партии, на владејачка Социјалистичка партија, Демократската партија и Општествено движење за интеграција.

„Намалете ги грошоците!“, „Сакаме да работиме и да се образуваме“, „Единствени сме, а политиката сака да не’ подели“, извикувале демонстрантите, меѓу кои многумина носат албански национални и знамиња на Европската унија.

Во почетокот нивното незадоволство беше насочено против наплаќањето на испитите коишто студентите ги пренесуваат во следната година, од што владата брзо се откажа. Но нивните барања се проширија, па сега бараат намалување на школарината, зголемувљање на буџетот за образование, подобра застапеност на универитетите, сузбивање на корупцијата меѓу професорите при добивањето дипломи и друго.

Тврдат дека нивниот протест нема политички карактер, и оти нивните барања се исклучиво финансиски. Студентите, исто така, ја одбија понудата за дијалог од премеирот Еди Рама, кој преку Facebook ги повика да „воспостават комуникациска врска со владата“. Тие велат дека нема да избираат судентски претставници, како дека премиерот „смо може да ни се придружи за да разговараме за нашите проблеми“.

Медимите и аналитичарите сметаат дека протестите се „знак дека гневот е во деветтиот месец од бременоста и може да се изроди во движење против надменоста и рамнодушноста на власта кон општествената стварност“.

На државните универзитети на коишто студираат околу 110.000 млади, школарините се движат од 160 до 2.560 евра, што е голем износ во осиромашната земја каде што просечната плата изнесува околу 350 евра. Буџетот за образованието е само 3,3 отсто од БДП-то, во една од најсиромашните земји во Европа. Секое трето младо лице е невработено, наспроти 14 отсто вкупно невработени на државно ниво, што младите Албанци ги поттикнува масовно да ја напуштаат татковината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.