Се скарале, па му ја скршил главата

Во Делчево е поднесена кривична пријава против Б.С.(46) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 30.07.2014 година во 11:30 часот кај месноста Зајачка бачија во атар на Делчево поради претходно нарушени меѓучовечки односи , пријавениот физички го нападнал Д.М. од село Вратиславци-делчевско.

Тој му нанел тешка телесна повреда во пределот на главата.