Се следи ситуацијата со дождот и состојбите во земјоделството

Во постојан контакт сме со УХРМ. Досега немаме добиено официјални потврди за климатски настани коишто се причинители за одредени штети во земјоделскиот сектор, изјави во саботата, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на предлог-буџетот за земјоделство за 2018 година. .

„Ја следиме состојбата и Министерството за земјоделство и УХРМ веднаш штом ќе добијат соодветни сознанија односно официјални потврди, ќе ги покренат сите процедури што се во наша надлежносте“, рече Николовски.