Се случија „Рекет 1“ и „Рекет 2“…, а Обвинителството молчи

Бројни криминални афери и скандали се одиграа изминатите неколку години, а најповиканите институции за справување со ваквите појави молчат, забележува во својата објава на Facebook во неделата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Се случи “Рекет1” и „Рекет 2“.
Генерален секретар на Влада договора тендер од 8 милиони евра.
На Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски му беше дозволено да излезе од затвор, за потоа тој да избега.
Во 10 дена, фирми блиски на Заеви добиваат лиценци за извоз на марихуана.
Зоран и Вице Заеви купувале гласови за избори.
Кога Заев се заканува на бизнисмени пред гласање, кога се гласа за 3 секунди, кога има крвави тендери, кога има криминални иновации, кога Курто Дудуш тепа граѓани, кога Павле Богоевски нарачува „полче“, Обвинителството молчи.

Молчат.
Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава. И еден човек е најодговорен за сето тоа.
Заев е виновен“, пишува Мицкоски.