Се сончала гола на прозорец и предизвикала сообраќајка

Австралијанка се сончала гола на прозорецот од својот дом и предизвикала сообраќајна несреќа.

Жената чии нозе ѕиркаат од третиот кат од зградата ги фотографирал студентот Грегори Шакаки.

-Кога ја видов помислив дека ме удрила сончаница, вели тој.

Мотоциклистот Михајл Кинаст вели дека возел кога пред него се судриле два автомобили бидејќи возачите гледале во младата гола жена на прозорецот.

-Слушнав како возачот од удренот автомобил го запрашал другиот возач: „Гледаш ли каде возиш?“, на што другиот одговорил: „Прости, ми го зеде вниманието“, покажувајќи кон прозорецот. Следел одговор: „А, те разбирам во целост“, раскажува Кинаст.