12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Се средува хаосот на британската граница, илјадници возачи ќе се тестираат

Велика Британија денеска започна со тестирање на возачите на камиони на covid-19 за повторно воспоставување сообраќај меѓу островската земја и европскиот континент и ги повика возачите да ја избегнуваат јужна Англија поради густиот сообраќај.

Тој, сепак, предупреди дека француската гранична полиција работи само врз основа на договорот утрово.

“Ве молиме избегнувајте го Кент додека не се расчисти толпата. Доаѓањето во областа само ќе го продолжи вашето патување”, напиша министерот во пораката до возачите на Твитер.

Лондон и Париз постигнаа договор за преминување на границата со негативен тест на ковид-19, но ќе треба „неколку дена“ за илјадниците камиони да го преминат Ла Манш од пристаништето Довер.

Возачите на камиони кои се негативни на ковид-19 ќе можат да се качат на траекти кон Кале, откако голем број земји ги затворија своите граници за Британците од страв од мутираниот вирус САРС-КоВ-2.

Возачите се бесни на сообраќајниот метеж и деноноќното чекање, а денес се судрија со полицијата кај Довер, барајќи што побрзо да преминат во Франција. Илјадници од нив, од многу европски земји, се заглавени со денови во јужна Англија и многумина нема да пристигнат во своите домови за Божиќ.

Возачите заглавени во Англија поради одлуката на повеќето европски земји да ги затворат своите граници за луѓето кои пристигнуваат од Велика Британија се бесни бидејќи немаат храна, вода и соодветни санитарни услови.

„Ситуацијата е нехумана и единственото нешто што го бараме е решение“, рече еден шпански возач.

„Мислам и убеден сум дека ова што сега се случува нема никаква врска со коронавирусот, но има врска со политиката, односно Брегзит“, рече друг возач.

Возачите ќе бидат подложени на брз тест, а секој што е позитивен ќе мора да направи попрецизен PCR тест за чиј резултат се чека подолго. Ако и тој тест е позитивен, возачот ќе се сместат во хотелската соба.

Околу 4.000 камиони биле заглавени во Кент, на југоистокот на земјата, во вторникот вечерта, околу 800 камиони биле паркирани на автопатот од Лондон до пристаништето, а 3.000 камиони биле блокирани на поранешниот аеродром, каде возачите можат да извршат задолжителни тестови.