Се стабилизира здравствената состојба на Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е заразен со коронавирусот, е во „стабилна здравствена сосојба“ во однос на дена претходно и неговите клинички и параклинички показатело се добри, објави во средата Елисејскиот дворец.

Макрон, кој е во изолација во службената резиденција Ла Лантерн во Версај крај Париз, „и натаму ги има симптомите на болеста Covid-19 (замор, кашлање, болки во мускулите) кои не го спречуваат да гизвршува своите функции“, се наведува во соопштението кој го потпишал лекарот на францискиот претседател, Жан-Кристоф Перошон.

Инфицираност со коронавирус кај Макрон беше потврдено во четвртокот, Во петокот ветои дека секој ден ќе ја известува јавнсота за својата здравствена состојба, снимајќи и триминутно видео кое го објави на социјалните мрежи. Притоа откри дека е „уморен, дека го боли глава и и дека има сува кашлица“.

Франција е една од најпогодените европски земји во пандемијата на коронавирусот, која во поетокот го мина прагот од 60.000 починати.