Се стега обрачот околу последната енклава на Исламска држава

На жесток отпор наидуваат сириските вооружени сили, поддржани од американските воени воздухопловни сили, во провинцијата Деир ал Зур. Областа околу ирачката граница се смета за последна енклава на Исламската држава.

Портпаролот на сириските демократски сили изјави дека најискусните џихадисти ја бранат територијата. Борбените операции беа запрени за само една недела, со цел да им се овозможи на речиси 20.000 цивили да ја напуштат провинцијата. Битката е сурова, истакна портпаролот на сириските демократски сили.

Се очекува следната недела да биде прогласена за победа над „Исламската држава”, изјави претходно американскиот претседател Доналд Трамп.