Се степаа пратениците во бугарскиот Парламент (ВИДЕО)

На денешната седница во бугарското Народното собрание дојде до тепачка помеѓу пратениците по декларација на партијата „Преродба“ (Вазраждане), која повторно повика партијата „Продолжуваме со промените“ да го напушти парламентот бидејќи, според нив, дозволиле државата ја преземат странските амбасади.

Како што пренесува БНТ 1, ПП-ДБ возвратија дека „Преродба“ се проруска партија. Следеше размена на реплики, која прерасна во тепачка, а микрофоните во салата беа исклучени од парламентот.

фото: bgnes

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.