Се степале малолетници во автобус на ЈСП нешто по полноќ

На 09.04.2022 околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр.57 на ЈСП, кој се движел на релација од Бит Пазар кон Чаир, двајца малолетници од Радишани го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.