Се степале за паркинг: Маж нападнал жена во центарот на Скопје

Вчера во 13:20 часот М.Т. (43) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на паркинг на улица „Св. Кирил и Методиј” од страна на непознато машко лице била физички нападната поради недоразбирање околу паркирањето.

По преземени мерки констатирано е дека сторител е И.К. (54) од Скопје и против него е поднесен соодветен поднесок.