Се стеснува просторот во кој што се бара малезискиот авион

Додека малезиските власти истакнуваат дека се стеснува просторот за потрага по патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“, кој што исчезна на осми овој месец, официјален Пекинг најавува испраќање на специјален пратеник на консултации во Куала Лумпур.

„Постојат докази за делумна комуникација меѓу авионот и контролата на летање од земја на 19 минути по полноќ. Во овој момент, таа трансмисија не е разбирлива и се истражува“, рекол вршителот на должност малезиски министер за сообраќај, Хишамудин Хусеин.

Тој додал дека никаков одговор не е добиен од авионот во 1,15 часот, кога контролата на летање од земја испратила порака, што укажува дека леталото веќе не е поврзано на мрежа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.