Се судрија автомобил и трактор во Прилеп, две лица повредени

34

На 07.08.2021 во 04:00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на локалниот пат с.Лажани-с.Житоше се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од В.К.(38) од с.Кривогаштани, прилепско и трактор „фергусон“,управуван од А.Ш.(65) од с.Житоше, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во незгодата возачот В.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.