Се судрија такси возило и малолетник на електричен тротинет

На 16.08.2022 во 20.30 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Стево Теодосиевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило од такси служба и електричен тротинет управуван од малолетник од Кочани.

-Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар во Штип, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.