Се трага по две грчки тинејџерки кои исчезнале кај Калитеа, откако влегле во такси

На 30.11.2023 година, во пладневните часови, од областа Калитеа, Атика, во соседна Грција, исчезнале Елефтерија С., 13 и Аикатерини П., 14, кои очигледно се качиле во такси и се упатиле во непозната дестинација, објави хамогело.гр.

Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ веднаш по наредба на обвинителството пристапи кон објавување на деталите за малолетниците, бидејќи постојат причини кои ги доведуваат во опасност нивните животи.

Елефтерија С. има црна коса, кафени очи, висока е 1,70 метри и тежи 85 килограми. На денот кога исчезна таа носеше црни спортски панталони со бела лента, беж блуза, црна јакна и бели патики.

Екатерини П. има кафена коса, кафени очи, висока е 1,65 метри и тежи 80 килограми. На денот кога исчезна таа носеше бела блуза, црн кардиган, црни панталони и бели патики.

Се замолуваат сите кои имаат какви било информации да се обратат по телефон „Детската насмевка“ 24 часа на „Европската телефонска линија за исчезнати деца 116000“ како и во сите полициски станици во државата, пишува порталот и додава дека информации за исчезнати се споделуваат на: Национален центар за исчезнати и експлоатирани деца „Европска телефонска линија за исчезнати деца 116000“ е-пошта: 116000@hamogelo.gr

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.