Се трансформира во сите 12 хороскопски знаци со шминка

Сетарех Хосеини е блогерка за убавина која решила да ги замисли и со шминка реално да ги прикаже 12-те хороскопски знаци во Зодијакот.

Еве како изгледа секој хороскопски знак според неа:

Овен

Таа е бестрашна и страсна, заштитена од своите рогови кои се секогаш насочени кон нови битки.

Бик

Тврдоглави и со силна волја, Биковите секогаш се туркаат себеси над границите.

Близнаци

Контрадокторни и со апсурдна логика, Близнаците гледаат онаму каде другите не успеваат.

Рак

Нежни како месечината, Раковите се емотивни, но не сакаат тоа да го покажат.

Лав

Силна насмевка и ведрина – такви се Лавовите и никогаш не остануваат незабележани.

Девица

Девиците се праведни, интелигентни и секогаш продираат длабоко во суштината на работите.

Вага

Нејзината харизма е уникатна и не останува незабележана, а нејзиниот глас продира длабоко во душата.

Скорпија

Очи кои хипнотизираат и поглед кој продира – Скорпиите се полни со страст, моќ и интуиција.

Стрелец

Неуморни авантуристи, Стрелците никогаш не престануваат да бараат подлабоко значење на работите.

Јарец

Нејзините одлучност и независност воодушевуваат. Таа е прагматичар во секоја смисла на зборот.

Водолија

Таа е како луд научник кој животот деноноќно го поминува во лабораторија, проучувајќи ја смислат на светот.

Риби

Мистериозни, прекрасни и шармантни, Рибите се како океан емоции кој нема длабочина.