8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Се тресеше гората во Грчец и Арачиново, се роди глушец!

Помпезната акција која требаше да даде видливи резултати и да ја оправда првичната цел на ангажманот на специјалците, спласна во очигледно претенциозната ефорија која и' се наметна на јавноста. 

Голема полициска акција е во тек, се апсат криминалци, специјалци влегоа во Грчец и Арачиново… Ова како исклучително важен настан на денот беше бомбастично најавен и пренесен во медиумте како бескомпромисна битка на министерот Оливер Спасовски со скопското подземје.

Специјалците при акцијата уапсија 10 лица од Арачиново и Грчец, а беа преведени  поради сомнение за дела како неовластено пуштање во промет на наркотични дроги и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, а дел поради од нив и поради поврзаност со вооружената пресметка која претходно се случи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Но, помпезната акција која требаше да даде видливи резултати и да ја оправда првичната цел на ангажманот на специјалците, спласна во очигледно претенциозната ефорија која и’ се наметна на јавноста.

Испадна дека од сите тие озлогласени уапсени криминалци, пред судија на претходна постапка се изведе само едно лице, за кое имало барање за притвор и кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, откако во неговиот дом во Арачиново биле пронајдени два полуавтоматски пиштоли и куршуми.

Но, и за него, притворот беше одбиен, а Судија на претходна постапка  му  определи само мерки на претпазливост. За останатите осомничени сѐ уште трае истрагата.

За другите уапсени во акцијата, од МВР до Основното јавно обвинителство Скопје не беа поднесени кривични пријави, туку беше поднесено едно известување за одземени предмети и за обезбедени траги од лице место, за кои дежурен јавен обвинител веднаш истиот ден, согласно Законот за кривична постапка, издаде наредби за вештачење до МВР.

Од МВР посочија дека се во постојана координација со ЈО и дека извршено е вештачење на дел од одземените предмети, а за останатите е во тек, по што ќе се знае дали ќе има кривични пријави за осомничените.

Од сето ова што деновие ни го пласираат пи-ар стратезите во Министретсвото за внатрешни работи, не може да не се забележи дека во обид да се иглуми триумф, се манифестира сканадалозна претстава, за која јавноста легитимно поставува прашање: Kоја всушност беше целта на акцијата кога ниту еден од уапсените криминалци не е притворен?