Се тресеше Маврово, еднаш во 3 часот по полноќ, а еднаш во 6 часот утрово

Два послаби земјотресa се регистрирани рано утрово во западниот дел на Македонија, со епицентар во Маврово.

Првиот, како што може да се прочита на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се случил во 3 часот по полноќ со магнитуда од 3 степени според Рихтер на длабочина од 2 километри, 15 километри југозападно од Гостивар, со епицентар во Маврово.

Вториот послаб земјотрес, пак, е регистриран во 6:15 часот со магнитуда од 2,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар исто така во Маврово на длабочина од 10 километри.