Се удвоил бројот на коронаинфекциите со делта варијантата во Германија

83

Уделот на случаи на Covid-19 предизвикани со делта варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2 за повеќе од двојно се зголемил во Германија во рок од една седмица и веројатно ќе стане пораширен во земјата во однос на другите соеви, објави во понеделникот референтниот германски Институт за контрола и превенција на болестите „Роберт Кох“.

Секвенцирањето на геномот од промероците на новите коронаинфекции покажало дека на делта варијантата, којашто првично е идентификувана во Индија поради што се нарекува и „индиски сој“, отпаѓаат 36 отсто од заразите во седмицата од 14-ти до 20-ти јуни, изјави директорот на Институтот, Лотар Вилер за јавната медиумска групација Funke media group.

Станува збор за значителен расст во однос на уделот од 15 отсто во заразите регистрирани една седмица претходно.

Премиерот на германската сојузна покраина Баварија, Маркус Зедер, изјави за медиумите претходно во понеделникот дека очекува делта варијантата да стане доминантна во Германија до летото.

„Ингорирањето на делта варијантата би претставувало сериозна грешка“, рече Зедер додавајќи дека никој не би требало да мисли дека проблемите поврзани со оваа варијанта на вирусот самите ќе исчезнат. Апелираше и до сонародниците да се вакцинираат, бидејќи тоа е „надобрата заштита“.

Околу 54 отсто од Германците ја примиле првата доза од вакцините против короанвирусот, додека 35 отсто од нив се целосно вакцинирани. Здравствените власти соопштија дека ширењето на коронавирусот може да се забави, а бројот на хоспитализираните и починатите да се намали доколку голем дел од населението биде целосно вакцинирано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.